Нема да верувате: Еве што сè лекува туршијата

Ризница на чисто здравје

„Земи сине туршија, нема поздраво од ова“, велеа нашите баби. А не сте ни свесни колку е здрава туршијата.

Еве што се лекува овој ферментиран зеленчук:

Туршијата содржи пробиотски култури кои сочинуваат многу видови бактерии.

Овие добри бактерии природно ги формираат нашите црева и ја сочинуваат цревната микрофлора. Сите овие микроорганизми се исклучително важни за здравјето на дигестивниот систем, но и на целиот организам.

Бидејќи во цревата се присутни лоши бактерии, габи и други патогени микроорганизми, тие можат да се размножуваат во одредени околности и да имаат лошо влијание врз вашето здравје.

Тогаш ферментираната храна и пробиотските култури можат да бидат од голема корист во лекувањето на болести предизвикани од штетни микроорганизми.

Од кога знаеме за себе, бабите ни подготвуваа туршијаза студените месеци. Во вистинска смисла на зборот, туршија значи кисел зеленчук или закиселн зеленчук. Ваквата подготовка на храна обезбедува внесување на храна богата со хранливи материи во периодот кога свежиот зеленчук не ни е достапен.

Обично во туршијата се става зелка, краставички, домати, пиперки, брокула, карфиол, моркови и слично. Туршијата, навистина, може да се подготви на илјада начини, а од начинот на подготовка зависи во колкава мера ќе биде здрава туршијата.

Како туршијата лечи?

Здрава цревна микрофлора Како што веројатно знаете, нашата цревна флора се состои од добри и лоши бактерии. Во случај на нарушена рамнотежа помеѓу здрави и нездрави микроорганизми во нашата цревна флора, може да се појават многу здравствени проблеми.

Туршијата, како извор на ферментирана храна, ја враќа нарушената рамнотежа на бактериите во цревата, поттикнувајќи го „населувањето“ на корисни бактерии. На овој начин се заштитува и обновува цревната слузница. Накратко, туршијата најбрзо и најефикасно ја обновуваат нашата цревна флора.

Го подобрува имунитетот

Познато е дека дигестивниот и имунолошкиот систем се поврзани. Нашето здравје зависи од имунолошкиот систем. Со сложени механизми го штити организмот од штетни микроорганизми и ги ублажува воспалителните процеси од секаков вид. Туршијата го зголемува бројот на клетки кои природно ги уништуваат „натрапниците“.

Го намалува покаченото ниво на холестерол

Се верува дека консумирањето ферментирани производи го намалува и нивото на лошиот холестерол во крвта. Тоа е затоа што таквата храна ја намалува способноста да го апсорбира холестеролот во крвта.

Ги ублажува алергиите и проблемите со кожата

Не случајно кожата е огледало на здравјето. Здравата микрофлора ги штити цревата од токсини и тешки метали. Ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи и спречува инфекции и воспаленија. Позитивно делува на намалување на алергии, акни, егзема и габични инфекции.

Го подобрува расположението

Понекогаш цревата се опишуваат како „втор мозок“. Се верува дека најголемиот дел од серотонин, хормонот на среќата, се произведува во цревата. Хроничниот стрес има негативен ефект врз цревната микрофлора. Затоа, не заборавајте да се обидете да избегнете стрес и да го заштитите вашето здравје на цревата со јадење ферментирана храна.


Фото: Youtube- screenshoot - Uvek Ukusno