Нема да ви се верува: Ги фрламе лушпите од лукот, а не знаеме колку се здрави

Не фрлајте ги лушпите од лукот по чистењето, туку чувајте ги во кеса и употребете ги.

Повеќето од ја фрлаат лушпата од лукот, не знаејќи дека всушност може да биде корисна. Но, може да се користи и за супа. Едноставно додадете ги со сите состојки за супата и варете. Извадете ги откако супата ќе биде готова.

Супата можете да ја подготвите и само со лушпите од лукот. Готови се за 10-15 минути откако водата ќе почне да врие. Истите можете да ги користите и за да подготвите ориз, разни сосови, и други јадења каде има лук.

Зошто се корисни

Не ги фрлајте лушпите од лукот откако ќе ги исчистите, зачувајте ги во кеса и употребете ги. Фрлете ги само оние парчиња што се валкани или скапани.

Лушпите од лукот се богати со фенилпропаноиди, кои се полни со антиоксиданти. Затоа се одлични за имунитетот и има антиканцерогени својства. Многу експерти се согласуваат дека лушпите од лукот имаат многу повеќе вредни материи од самиот лук.

Богат е и со специфични флаваноли кои го намалуваат крвниот притисок и спречуваат акумулација во артериите. Содржи и многу влакна. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, дигестивни проблеми и намалување на холестеролот и некои видови на рак.

Кога користите лушпи од лук, внимавајте да се органски, во спротивно ќе внесете пестициди во исхраната.

Фото:Фрипик