„Нема повеќе, жими мајка“: Конор Мек Грегор се откажува од вискито
Конор Мек Грегор официјално им вети на своите обожаватели дека ќе престане да пие и ќе се врати во теретана пред неговото враќање во UFC.
Ирецот сè уште се опоравува од фрактурата на тибијата што се случи за време на неговата борба против лутиот ривал Дастин Поаре минатиот јули. Тој во последните неколку недели сподели бројни фотографии од неговиот паб Black Forge Inn во Даблин, но како што тврди, тој е целосно подготвен да се врати на работа.
Како што напиша на Инстаграм: "Forged Irish Stout“ сега го претставува лидерот во продажба за нас! Сите во индустријата знаат дека за една линија силно виски овој успех е вистински потфат! Фактот што се случи на тој посебен ден ми се чини дека треба да биде знак дека сум на вистинскиот пат со сето ова! Да одиме напред и нагоре!“
Number 1 at a few things pic.twitter.com/vAuSNwvSji
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 24, 2022
„За сите мои фанови, сакам да кажам дека знам дека можеби премногу уживам со мојот пијалок, но наскоро повторно ќе се вратам на целосни тренинзи, додека мојата прекрасна креација ќе биде целосно отсутна од мојот живот. Уште пет минути мамо.'
Мек Грегор летово би требало да се врати во октагонот, додека веќе се споменуваат многу големи имиња како можни противници на поранешниот шампион.