Нема позгодна девојка од Ања: Тренира, го покажува телото на божица- а како изгледала порано, велат е друга приказна (ФОТО)
Познатата инфлуенсерка Ања Бла покажа како изгледала пред да се посвети на напорните тренинзи, а фановите не криеја колку се изненадени од глетката.
Ања Благојевиќ од Босна стана една од највлијателните инфлуенсери во регионот, активна е на сите социјални мрежи и ја следат вкупно над 2 милиони луѓе. Нејзината популарност вртоглаво порасна во 2021 година кога беше објавено дека е во врска со Јутјуберот Бака Прасе.
Имено, сред приказната за тоа како Богдан Илиќ паднал во коцкарски долгови, се посочува дека Ања веќе подолго време заработува многу, можеби и повеќе од најследениот јутјубер во Србија. Благодарение на неговиот канал и неверојатно големиот број прегледи, тој веќе имаше милиони на својот профил на 20 години.
Ања Бла е една од најпривлечните инфлуенсерки чиј физички изглед привлекува големо внимание и кај машката и кај женската популација.
Во последно време инфлуенсерката одговара на бројни прашања на следбениците поврзани со шминката, негата на лицето и секако поврзани со нејзината извајана фигура.
Таа потекнува од богато семејство и многу добро заработува сама.
Сега, откако го „запали“ Инстаграм со фотографии од фотосесија, на кои се гледа дека е многу посветена на тренинзите, таа одговори на неколку прашања поврзани со одржување на совршена фигура, а покажа каков напредок постигнала благодарение на годините тренирање.
Имено, откако еден од фановите ја прашал како е можно после толку тренинзи да „не се гледа напредок во нејзиниот изглед“ и да изгледа исто со години, таа во свој стил одговорила остро.
- А што друго можам да направам? Да растат крилја од тренинг, не ми е јасно? Она што го посакував одамна го постигнав и го одржувам, затоа нешто не се менува многу. Немам желба да бидам покрупна. Некогаш сакам само да бидам послаба за стомакот да ми биде уште подефиниран. Го одржувам телото, тренирам за да имам мускулна маса, да бидам тонирана и толку, немам желба за голема промена бидејќи вака сум премногу задоволна - остро нагласи инфлуенсерката.
ФОТО: Инстаграм