Нема возачка дозвола а троши милиони на луксузни автомобили
Вилијамс објасни дека тој никогаш не бил
заинтересиран за возење и дека никогаш нема да полага возачки испит, сè додека
другите го возеле.
Популарниот пејач Роби Вилијамс (46) трошел
богатство на автомобилите што некогаш ги имал, како и на петте луксузни
автомобили што сега ги поседува, а интересно е што пејачот нема возачка
дозвола.
Тој истакна дека во младоста бил фасциниран од
луксузни машини, па купил неколку парчиња одеднаш, без оглед на цената.
- Проблемот беше што во тоа време бев со Елтон Џон
и бев воодушевен од неговата гаража, во која беа вклучени Ферари, Астон Мартин
и неколку други луксузни автомобили. Бев млад и бев многу импресиониран - изјави
Вилијамс.
- Нарачав пет парчиња за себе истиот ден. После
неколку дена, се прашував за што ми требаа овие, па наскоро ги продадов -
додаде Роби во интервјуто за британско радио шоу.
На прашањето како е можно тој да нема возачка
дозвола, Вилијамс објасни дека тој никогаш не бил заинтересиран за тоа и дека
никогаш нема да полага возачки испит, сè додека другите го возеле.
Роби и неговата сопруга Ида Филд (40) го добија
четвртото дете во средината на февруари годинава, син кого го именуваа Бо
Бенедикт Ентовен.
Покрај него, тие ги имаат едногодишната ќерка
Колет, петгодишен син Чарлтон и седумгодишната наследничка Теодора.
Фото: Инстаграм
Со парите не може да се купи здравје: Тажната приказна на Роби Вилијамс