Немал покрив над глава, продавал парфеми, му позајмиле пари за да оди на аудиција: Од бездомник до актер!

Британскиот актер измина долг пат до ѕвездите!

Британскиот актер Нкути Гатва (29), британски актер со потекло од Руанда, е избран за нов главен лик на популарната научно-фантастична серија на Би-Би-Си „Doctor Who“, за прв доктор кој не е бел.

Најпознат е како ѕвезда на серијата „Sex Education“ на Нетфликс. Меѓутоа, и нему не му цветале рози, а одреден период, како што признал за магазинот The Big Issue пред 2 години, бил бездомник.

„Јас сум од Шкотска, а во Лондон се преселив кога имав 21 година. Работев цело време, дури и на некои пристојни места. Поминав една година во театарот Глоуб, работев и во театарот Nkeehigh", изјави актерот во 2020 година.

„Но, треба да се живее, треба да се оди на работа, да се плати кирија, комуналии, да се патува на работа, и се чинеше дека не можам да го издржам сето тоа. Морав да се преселам на друга локација и одеднаш тоа сè се урна“, признал Гатва. 

Тој продавал парфеми

„Пет месеци пред серијата спиев на каучите на моите пријатели. Немав сопствено сместување. Бев бездомник. Единствениот факт што имав пријатели ме спаси да не спијам на улица“, ја сподели со читателите својата приказна за почетоците на неговиот живот во Лондон.

Тој исто така рече дека неговиот живот, пред да започне да глуми во серијата на Нетфликс, бил многу поинаков. Тој раскажа и како, кога отишол на аудиција, пријател морал да му позајми пари за превоз.

А спомна и како работел во луксузната продавница Harrods:

„Ги гледав луѓето и мислев дека се среќни што имаат покрив над главата. А потоа одев на работа и продавав парфеми за 6.840 фунти“.


Фото: Профимедиа