Неонскиот господар: Ремек- дело, часовникот ROGER DUBUIS
Швајцарскиот бренд за луксузни часовници, Роџер Дубуис, се здружи со еден неонски господар од Хонг Конг, Ву Чи Каи, за да создаде неверојатен модел за сите оние луѓе кои сакаат да бидат забележани
Наречен „Екскалибур црно светло“, овој модел е создаден како омаж на живите градови како Хонг Конг, Пекинг или Сингапур и нивната неверојатна ноќна привлечност, која нè опива и маѓепсува. Ова е ексклузивно издание, ограничено на само осум парчиња, а овој неверојатен часовник веќе може да се прогласи за крајно впечатливо парче. Тоа не само што ќе ви помогне да се истакнете во толпата со оддавање почит на најголемите градови во Азија, туку и да ви донесе допир на ексклузивност - замислете дека сте еден од само 8-те луѓе што можат да го имаат овој модел на своја рака
Вистинската убавина на овој часовник ќе дојде до израз кога ќе падне ноќта, бидејќи само тогаш тој ќе се трансформира во неонско светло-шоу, кое ќе го оживее неговиот комплексен механизам. Во текот на денот, тој изгледа суптилно и дискретно, со бели, црни и сиви тонови, но кога заоѓа сонцето, добива калеидоскопски ефект.
Часовникот крие иновативен скелетизиран механизам RD820SQ, кој има мрежа на кристални микроструктури, поради што е функционално уметничко дело. Неговата футрола е создадена од бело злато, а дополнително е нагласен со тркалезни дијаманти, кои добиваат интересни бои во текот на ноќта.
Дали ви се допаѓа?