Несекојдневна глетка: Жителите на село во Велс сведочат за реката која станала бела како млеко (ФОТО+ВИДЕО)
Фотографии од реката Дулаис во западен Велс, каде водата е целосно бела, се појавија на социјалните мрежи. Се покажало дека е бела од млекото, бидејќи цистерна се превртела на локалниот пат и целото млеко се излеало во реката.
When a milk tanker overturns in the river #llanwrda #wales #milk pic.twitter.com/vnyhr5FXBi
— May (@MayLewis19) April 14, 2021
Жителка на селото Ланврди, Меј Луис, снимила како изгледа реката Дулаис додека содржината на цистерната се излева во водата.
Организацијата за заштита на природата на Велс, која се грижи за природните ресурси, објасни во објавата на нивниот Фејсбук профил, дека оваа необична глетка е последица на сообраќајна несреќа.
An unknown quantity of milk has entered the River Dulais today following a RTC that involved a milk tanker which had left the road.
— Cyfoeth Naturiol Cymru | Natural Resources Wales (@NatResWales) April 14, 2021
This has led to significant discoloration along the river & officers have been on site to assess the impact & will continue tomorrow morning. pic.twitter.com/TnBbMYQEGL
„Танкерот пренесуваше млеко и непозната количина се излеа во реката. Тоа доведе до значителни промени во бојата по нејзиниот тек “, се наведува во соопштението, како и дека полицијата излегла на местото на несреќата.
Фото и Видео: Твитер