Неславен крај, поранешниот тренер на Ѓоковиќ и тениската легенда Борис Бекер, двеипол години зад решетки

Германската тениска легенда, Борис Бекер, оди двеипол години зад решетки, неславен крај и најголем пораз за шесткратниот освојувач на Гренд слем турнирите.

Бекер оди во затвор поради измама со затајување на имот, а при прогласувањето на својот банкрот во 2017 година.

Германецот има олеснителна околност, првите шест месеци ќе ги мине зад решетките, а останатиот дел од казната во еден вид „куќен притвор“.

Бекер тоне во долгови, а тие изнесуваат околу 60 милиони фунти. Процесот започна во 2017 година, а Бекер загуби, виновен поради одлагање на неликвидноста, криел имот и имал големи долгови.

Инаку Борис Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ, во кариерата на само 17 години го освои Вимблдон и стана најмладиот победник на сите времиња на најпрестижниот тениски турнир и неофицијално светско првенство во тенис.