Несреќна и гладна жена му пришла на познатиот водител: Жика Јакшиќ направи нешто што ги засрами сите!

Колку често имате можност да видите како еден јавен и богат човек се покажува хуман? Па, не многу често. Но, во таа група спаѓа Жика Јакшиќ, познатиот водител на шоуто „Никад није касно“ и креатор на „Ѕвездите на Гранд“.

Тој пред неколку години бил на ручек во голем белградски трговски центар каде што се наоѓаат рестораните за брза храна, со поранешната сопруга Дајана Пауновиќ и нивниот син. Во тој дел од трговскиот центар може да сретнете луѓе кои немаат доволно пари за живот и кои собираат остатоци од други луѓе кои го завршиле оброкот.

Кога оние кои можат да си дозволат ручек во некој од рестораните за брза храна, како Жика Јакшиќ, ќе завршат со јадењето, овие луѓе се приближуваат и ги собираат нивните остатоци.

Несреќна жена се приближила до масата на Жика за да ја земе храната што му останала нему и на неговото семејство по оброкот. Меѓутоа, Јакшиќ и рекол - нема да го јадеш ова и се фатил за паричникот, извадил пари и ѝ ги ставил во рацете.

Жената ги зела парите и почнала да плаче. Тоа би било доволно за сите, но не и за Жика. Јакшиќ потоа ја однел во ресторан за брза храна и ѝ рекол да нарача што сака, на негова сметка.

Јакшиќ платил и потоа си заминал, а на расплаканото лице на жената се појавила насмевка. 

Што да кажеме, освен - Жика, секоја чест!


Фото: Инстаграм