Неверојатната среќа не ја носи посакуваната добивка: Мудрости на Далај Лама
Сè додека мислите дека за се е крив друг, многу ќе патите. Кога зборувате, само го повторувате тоа што го знаете. Но, ако слушате, можеби и ќе научите нешто. Постојат само два дена во годината кога ништо нема да може да се направи. Еден е вчера, а другиот е утре.
Денес е вистинскиот ден да сакате, верувате и пред сè, да живеете. Дајте им крила за летање на тие кои ги сакате, темел за враќање и причина да останат. Секогаш имајте на ум дека големата љубов и големите постигнувања со себе носат и голем ризик. Кога ќе ја изгубите битката, не ја губете и поуката која може да ја извлечете. Следете ги трите правила - почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и преземете одговорност за своите дела. Запомнете дека понекогаш неверојатната среќа не ја носи посакуваната добивка. Добро научете ги правилата, за да знаете како правилно да ги прекршите. Не дозволите еден пропуст да го расипе извонредниот однос. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, преземете сè за да ја исправите грешката. Секој ден поминете некое време сами со себе.
Прифатете ја промената, но не се одрекувајте од своите вредности. Понекогаш молчењето е најдобриот одговор. Живејте чесно. Кога ќе остарите и ќе си ги вратите сеќавањата, ќе уживате повторно. Чувајте ја природата. Поделете го знаењето. Тоа е вашиот пат до бесмртноста. Во вашиот дом пријатната атмосфера полна со љубов нека бидел мисла водителка на вашиот живот. Во несогласувањата со саканите, држете се до моментот. Не го вадете минатото на површина. Еднаш годишно одете во некое место каде не сте биле никогаш. Имајте на ум дека најдобра е онаа врска во која меѓусебната љубов е посилна од меѓусебните потреби, Судете го својот успех по она од што моравте да се откажете. Ако сакате другите да ги направите среќни, поработете на сочувствителноста. Ако сакате да бидете среќни, поработете на сочувствителноста.