Неверојатни бројки на Бодо, Адеми и Ристовски со Динамо се „лизнаа“ во Норвешка

Динамо Загреб загуби од Бодо Глимт со 1-0 на гостувањето во Норвешка. Хрватскиот првак имаше свои шанси на мечот, но и домашните можеа да ја завршат средбата со поубедлива разлика.

Бодо има неверојатни бројки на домашен терен во натпреварувањата под УЕФА, победи на сите 13 средби во низа, гол раазликата е 40-4.

Тоа значи дека на Динамо Загреб и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, на реваншот следната недела нема да им биде лесно, иако ќе играат на „Максимир“.

Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90 минути за Динамо Загреб.