Неверојатниот живот на Иван Шпигел: Кој е најмладиот милијардер во светот?
Иван Шпигел е творец на омилената апликација на тинејџерите Snapchat.
На 28 години, тој е најмладиот милијардер во светот кој сам го заработил статусот, а не го наследил. Има одличен живот и го знае тоа.
„Јас сум млад, бел, образован човек. И имам огромна среќа“, рече неодамна Шпигел на бизнис конференција.
Иван израснал во Пасифик Палисеидс, населба во близина на Малибу. Родителите му се познати адвокати, но се развеле, кога тој бил во средно училиште. Семејството било многу богато и уште како ученик Иван има луксузни автомобили и сè што посакал. Тој посетувал реномирано приватно училиште, чии ученици биле и актерите Џек Блек, Кејт Хадсон, Џон Хил, Гвинет Палтроу, како и креаторот на апликацијата за средби Tinder Шон Рад.
По гимназијата, Иван е примен на универзитетот „Стенфорд“, каде што студирал дизајн на производи. Токму таму се запознава со ко-основачите на Snapchat Реџи Браун и Боби Марфи. „Не бевме воопшто кул. Затоа се обидовме да создадеме нешто кул“, вели години подоцна Марфи за Forbes.
Шпигел си бил доста по забавите во колеџот, иако често посетувал и доста сериозни курсеви за претприемништво. Го напушта „Стенфорд“ малку пред да заврши, за да се посвети целосно на идејата за Snapchat. Заедно со партнерите уживаат во централната куќата на неговиот татко. Всушност Шпигел останува таму неколку години и се иселува дури во ноември 2014 кога си купува куќа за 3 милиони долари во Брентуд.
Апликацијата брзо станува огромен хит и им носи милиони на создавачите. Во 2013 Facebook упатува понуда за купување на Snapchat - 3 милијарди долари. Шпигел сепак го одбива Цукенберг што му носи статус на херој во Силиконската долина.
Опколен од луксус, Иван сака да се подновува.Во 2015 година го купува последниот модел на Ferari. Обожавател е на модата и дури бил на насловната на италијанскиот Vogue. Страствен обожавател на хеликоптерите и дури е лиценциран пилот.
Иван Шпигел е окарактеризиран од многумина како визионер и гениј, кој знае што сакаат младите. Едно е сигурно - Шпигел нема намера да слегува од претприемничка сцена наскоро.
Оженет е со супер моделот Миранда Кер и имаат син.