Неверојатно, но вистинито: Беше клинички мртов, а сега им кажува на луѓето во што да веруваат!

Тој беше клинички мртов и сега им кажува на луѓето во што да веруваат! Неговиот мозок не доби кислород 45 минути, фактот дека оди, зборува, се смее, се‘ е неверојатно, откри медицинската сестра која беше задолжена за грижа за Брајан.

Овој човек го загуби пулсот 45 минути, но се разбуди со неверојатна визија за задгробниот живот!

Камионџија во Охајо го шокираше персоналот во болницата кога се врати во живот скоро еден час откако го загуби пулсот, по тежок срцев удар - но тој тврди дека она што го видел во тие напнати моменти го убедил дека постои задгробен живот.

Брајан Милер (41) ја отворил приколката кога почувствувал дека нешто не е во ред - веднаш повикал брза помош и му рекол на операторот: „Јас сум возач на камион и мислам дека имам срцев удар“.

Неговата главна артерија била целосно блокирана, предизвикувајќи срцев удар, објави Фокс 8 Кливленд.

Тој веднаш пристигнал во локалната болница каде докторите успеале да го оживеат и да ја отстранат блокадата, но откако се освестил и се ослободил од болката, развил вентрикуларна фибрилација, кога срцето почнало лудо да трепери и не било во состојба да пумпа крв.

„Немаше чукање на срцето, немаше крвен притисок и немаше пулс“, вели медицинската сестра Емили Бишоп.

Лекарот извршил силна, тешка и брза реанимација и му направил 4 електро шокови за да го оживее Милер, но немал среќа.

За тоа време, Милер тврди дека скитал во небесниот свет:

„Единствено што се сеќавам е дека видов светлина и тргнав кон таа светлина“, вели возачот на камионот.

Тој го опиша одењето по патеката покриена со цвеќиња кон белата светлина, додека не наидел на својата маќеа, која неодамна починала.

„Таа беше најубавата работа кога ја видов, беше како првиот ден кога ја сретнав, изгледаше толку среќно“.

Милер се сеќава дека ја фатил за раката и таа рекла:

„Не е твое време, не треба да си тука, мораме да те вратиме назад, имаш повеќе да сработиш“.

„По 45 минути, неговиот пулс се врати „од никаде“, рече сестра Бишоп.

„Неговиот мозок не доби кислород 45 минути, фактот дека оди, зборува, се смее, се‘ е неверојатно“, објаснува зачудената Емили.

Среќен што се врати меѓу живите, Милер сега вели дека е сигурен во една работа:

„Постои задгробен живот и луѓето треба да веруваат во тоа“.


Фото и Видео: Youtube