Неверојатно: Што се случува на вашето телото ако секој ден јадете пуканки?
Доколку сте љубител на пуканки, овој текст ќе ве израдува...
Пуканките се сметаат за едни од најздравите грицки. Ги откривме придобивките од секојдневното консумирање пуканки.
Ако јадете пуканки секој ден, еве што ќе се случи со вашето тело:
1. Нема да имате запек
Пуканките не се само храма за додека гледате филмови, тие може да бидат и здрава ужина, но само ако ги направите со многу малку сол и путер. Тие се полни со влакна, а сите знаеме дека влакната се пресудни за добро варење. Можете да изедете порција од 3 шолји пуканци и да добието 3,5 грама влакна, со кои ќе го решите проблемот со запекот. Пуканките направени на топол воздух имаат 100 калории во една порција, а оние кои се продаваат во кината или оние од микробрановите кеси содржат голема количина на маснотии и можат само да им наштетат на цревата.
2. Ќе се ослободите од стресот
Пуканките не само што влијаат врз нас физички, туку можат да придонесат и за подобра ментална состојба. Пуканките се храна која е богата со јаглехидрати и има низок гликемски индекс. Ова може да доведе до задржување на нивото на серотонин, а со тоа и подобро расположение. Пуканките може да се сметаат за сложени јаглени хидрати. Но, кога ќе додадете шеќер, сол или масло, сите придовки што можете да ги очекувате од пуканките целосно исчезнуваат. Начинот на кој ги јадете пуканките може да го подобри и вашето расположение. Психолозите препорачуваат да се обидете да јадете пуканки со стапчиња за јадење за да добието што поголемо задоволство.