Невестата даваше завети во црквата и тогаш одекна глас - „Немој тето, те молам“: Видеото го насмеа целиот регион
Свадбата на Дора и Иван ја одбележа еден сладок детаљ кој беше објавен на социјалните мрежи и ги насмеа луѓето ширум регионот. Имено, внуката на невестата се огласила во црквата на сред церемонија, а после тоа и таа и младоженецот, но и сите гости прснале од смеење.
Снимката од искреното девојчето на свадбата е објавена на сајт на фотографско студио, а се случила на венчавката на млад пар во Читлук. Имено, додека Дора и Иван стоеле пред олтарот во црквата, одзади се слушнал глас.
Во моментот кога невестата на младоженецот му ветувала верност на својот сопруг, проговорила нејзината внука.
„Немој тето. Немој, те молам“, извика девојчето, а на тоа сите во црквата пукнаа од смеење.
Ниту младенците не можеле да се воздржат, па дури ни свештеникот. Ова за момент ја прекина церемонијата, а девојчето доби аплауз за нејзиниот коментар.
Слаткиот момент ги освои социјалните мрежи, а фото студиото го опиша со зборовите: „Внуката не ја дава тетката“.
Видеото погледнете го ОВДЕ.
Фото: Фејсбук видео - screenshoot