Невиден луксуз: Велосипедистите во Германија добија мост со подно греење

Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз - мост со подно греење само за велосипедисти

Еден од првите велосипедски мостови во светот е отворен во градот Тубинген. Ова им овозможува на велосипедистите да возат побезбедно во зимски услови, рече градоначалникот Борис Палмер за време на неодамнешното отворање на мостот, а и тој самиот го премина мостот со велосипед.

Иако патиштата и мостовите со подно греење не се непознати, за нивното воведување во области со сообраќаен метеж и сурови зими се‘ повеќе се размислува. Мост со подно греење е реткост за велосипедистите.

Покрај тоа, експертите од Германскиот велосипедски клуб (АДФЦ) наведуваат дека не знаат дека велосипедски мост со подно греење некогаш бил изграден порано.

Градовите низ Европа и на други места брзо ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување заштитени велосипедски патеки, со оглед на зголемувањето на бројот на велосипедисти за време на пандемијата.

„Загреаните мостови за велосипедисти имаат смисла“, рече портпаролката на АДФЦ.

„Солта не може 100 проценти да го отстрани мразот од патот, а истото важи и за мостовите“, додаде таа.


Фото: Freepik