Неврохирургот Смејановиќ по 3000 операции откри: Ова е смрт за мозокот!
Кога станува збор за хирургија, неврохирургијата го зазема второто место според сложеноста, веднаш позади кардиохирургијата.
До операција на мозокот најчесто доаѓа поради големи повреди, аневризма и тумор, а повеќе детали на оваа тема открива академикот и познат неврохирург Арнолд Федорович Смејановиќ, кој во текот на својата долга кариера има направено над 3000 операции на мозок.
- Мозокот е орган како и сите останати. Правиме многу интервенции и многу од нив се потполно успешни интервенции- открива докторот и вели дека мозкот е помоќен од било која супермашина и дека се уште е неверојатна мистерија.
Овие десет работи за мозокот, д-р Смејановиќ ги открил, благодарејќи на секојдневните операции.
- На многу прашања нема одговори. На пример, сфативме дека бројот на мозочни функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ни масата, ни волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на генијалец и мозокот на личност со низок коефицинет на интелигенција изгледаат потполно исто?
- Количината на сивата маса и шитината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имонологијата, имаше само една хемисфера во мозокот, а живееше и работеше исто како и другите луѓе, дури постигна и многу повеќе.
- Туморот не мора навистина ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозок кај млада студентка на музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека една хемисфера е скоро потполно уништена. Девојката заздрави, заврши академија, се омажи за милионер, и ден денеска преубаво свири!
- Најневеројатното откритие за мене беше тоа што свеста нема никакво „место“ во телото и дека врската меѓу мозокот и мислите се тотална мистерија. Оваа тајна ја знае само Бог.
- На мозокот му е неопходен тренинг, знаење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање како добро да се работи.
За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:
- Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзлив, инаку ќе ослабне брзо. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни- тоа е смрт за мозокот!