Ни бројки ни букви: Новиот BULGARI часовник
Соработките со ограничено издание помеѓу архитектите и модните марки дефинитивно станаа популарни во последно време…
Имено, Тадао Андо, познат архитект и дизајнер, се здружи со брендот Булгари за ко-креирање на Octo Finissimo Automatic Tadao Ando Limited Edition часовник, кој е италијански стил, врежан со геометриски дизајни што можевме да ги видиме порано во јапонските градини Зен.
Директорот за дизајн на часовници на брендот Булгари, Фабрикио Бонамаса Стиглиани посака да се здружи со победникот на престижната награда „Прицкер“, откако во живо ја виде една од неговите згради, забележувајќи паралели помеѓу бетонскиот дизајн на Андо и архитектонските детали и смелата геометрија на моделот Окто.
Со овие заедништво, добиената соработка дополнително ги акцентираше архитектонските елементи на часовникот со титаниум, со помош на серија хипнотизирачки спирали кои го украсуваат куќиштето со дијаметар од 30мм. Сафирот кој е вграден го открива платинскиот микро-ротор со механизам за самостојно намотување, заедно со потписот на познат архитект.
Има само 200 од овие уникатни модели на часовници. Чинат 16.500 американски долари, и е можно сите да се распродадени до сега.