(ФОТО) NIKE ги претстави најновите „TAILWIND 79“ патики
Најновиот модел на патики е инспириран од зајдисонцето..
Ако сакате да купите нови летни патики, тогаш не барајте ништо повеќе, бидејќи "Tailwind" моделот ќе ги задоволи сите ваши потреби.
Станува збор за класични Nike патики кои ви овозможуваат удобност, квалитет, комфор, долготрајност и лесно чекорење по секакви површини.
Патиките се дизајнирани да ви овозможат совршена положба на стапалата и дизајнот на патилите е пренагласен, така да лесно ќе можете да ги вклопите во било која комбинација.
Меѓутоа, вистинскиот детал на овие патики е нивната боја, која се огледува во феноменален спектар од сина боја, па се до силна црвена. Боите на патиките се одраз на боите кои се гледаат при зајдисонцето, што дополнително ги прават овие патики идеални за летни прошетки.
Овие патики уште не се пуштени во продажба, па затоа нивната цена не е позната