НИКОБ ЛАБ – Ние не се шегуваме, од утре априлска роденденска промотивна цена од 1000 денари за PCR тест од 1 до 7 април

Во пресрет на нашиот прв роденден  промовираме роденденска цена намалена од 1400 на 1000 денари со цел уште повеќе да ја доближиме услугата до граѓаните согласно нивните потреби и тоа ние беше приоритет целиот овој период.

 Воедно сакаме да се заблагодариме за стекнатата доверба од 213 569 пациенти и направените 298 186 приеми.

Благодарение на довербата станавме лидери во тестирањето на КОВИД 19 со пристапот на најниски цени со докажан квалитет и тоа не направи единствени и достапни во државата со реализирани вкупно 287 780 тестови од кои 134 908 PCRКовид-19 тестови и 152 872 брзи антигенски тестови.

Ни преставуваше чест и задоволство што реализиравме 520 000 услуги за граѓаните и тоа не етаблира како установа која во својата визија го има приоритетот на здравјето на граѓаните.

Горди сме што во нашето семејство НИКОБ ЛАБ  – биохемиска и молекуларна дијагностичка лабораторија имаме 120 вработени, 2 Доктори специјалисти по медицинска биохемија, 4 здравствени соработници – биохемичари, 1 фармацевт, 24 медицински лаборанти, 9 молекуларен биолози, 80 административно- технички персонал од кои 6 возачи и 74 административни работници.

Ја поседуваме најдостапната мрежа во државата со  локации во Скопје – База Кисела Вода, Аеродром ТАВ – Скопје и Охрид, погранични локации – Гевгелија, Дојран, Табановце и Струмица, локации во внатрешноста: Велес, Кавадарци, Прилеп и Кочани.

Стратегијата за целата оперативна поставеност е доближување на услугата согласно потребите и  барањето на заедницата и граѓаните за навремена и непречена услуга.

На располагање на граѓаните за достапност на услугата според место на живеење и според потребите на заедниците ни е овозможено со возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли.

Со почит,

НИКОБ ЛАБ