Никоб Лаб: Мобилни екипи за безбедно и сигурно земање на примероци во вашиот дом или работно место

Со цел доближување на услугите кон граѓаните, Никоб Лаб од денес 12.10.2021 им овозможува на лицата кои не се во можност, да им обезбеди услуги за безбедно земање на примероци во домашни услови или работно место.

Мобилните екипи се на располагање од понеделник до петок од 08 до 17 часот и сабота од 08 до 12 часот, со претходно најавување и закажување на телефонскиот број 070/271-662.

Она што нѐ прави препознатливи и нѐ издвојува од другите е брзината на издавање на резултатите – за повеќето анализи истите се добиваат за неколку часа, со можност за толкување од доктор специјалист.

Во Никоб Лаб сме опремени со најсовремена hi-tech технологија од врвни производители на опрема и реагенси и во состојба сме да дијагностицираме здравствени проблеми од областа на репродуктивната медицина, кардиоваскуларните болести, коагулацијата, автоимуноста, како и широка палета на вообичаени биохемиски и молекуларно – дијагностички анализи.

Ова е одлична можност да ги направите сите испитувања во безбедни услови, без да имате потреба да излегувате од дома или работно место.

Со Никоб Лаб, Вашето здравје и безбедност се на прво место.

Информации за биохемиските анализи: 

За земање на примерок за биохемиски испитувања потребно е пациентот да биде гладен (по ноќно гладување 10-12 часа) од 08 до 11 часот, а ако прима терапија истата да ја земе по земањето на примерокот.

За Covid пакетот примерокот може да се земе од понеделник до петок од 08 до 17 часот, или во сабота од 08 до 12 часот.

Примероците за Хемостаза и INR се земаат од понеделник до петок од 08 до 16 или сабота од 08 до 11 часот, со што терапијата треба да се земе по земањето на примерокот.

ПР објава