Никогаш не би погодиле колку денес би можела да чини познатата „Застава 101“

Ова беше прилично иновативно возило за своето време.

Застава 101, популарно позната како Стоединка или Кец, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година. Се базираше на тогашниот технички мошне модерен Fiat 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во хечбек варијантата што преовладува денес.

Во тоа време, пет врати беа реткост, а Zastava 101, покрај дизајнерскиот пробив, беше привлечен за купувачите и поради пристапната цена.

Овој модел набрзо стана најпродаваното носечко возило во поранешна Југославија, а благодарение на пристапните цени постигна значителен извозен успех, пред се во источноевропските земји, но и во светот. Фејсбук страницата „Застава 101 форум“ објави клип од магазинот АВТО, објавен во далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел, во кој се наведува дека тогашната цена била 40.040 динари или 2.084 долари.

Кога ќе се пресмета инфлацијата за изминатите речиси 50 години, доаѓаме до податокот дека денес Zastava 101 би чинел точно 15.191 долари или 14.085 евра.