Никогаш нема да ја оставам мајка ми за друга жена: Дали знаевте дека Роналдо ја остави Ирина Шајак поради неговата мајка

Мајка му е на прво место - Кристијано Роналдо ја остави најубавата жена на светот кога таа му побара да бира помеѓу неа и мајка му.

Еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, никогаш не криел дека неговото семејство е на прво место. Една од главните улоги во неговиот живот ја игра неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро.

Роналдо никогаш не бил близок со својот татко и вели дека тој е виновен за тешкото детство. Имено, неговиот татко починал на 53-годишна возраст од последици на зависност од алкохол. Во тоа време Кристијано имаше 20 години и играше за Манчестер Јунајтед.

„Беше секогаш пијан. Никогаш не сум имал нормален разговор со него“, изјави Роналдо во едно интервју.

Фудбалерот пораснал со својот постар брат Хуго, сестрите Лилијана и Елма, а во документарецот за Роналдо, неговата мајка изјави дека додека била бремена со Кристијано размислувала за абортус.
„Тој е детето кое сакав да го абортирам. Среќна сум што не се случи тоа и што Господ не ме казни“, призна таа тогаш.

Тие денес се неизмерно блиски, се поддржуваат во сите животни ситуации. Покрај тоа, фудбалерот често ја опсипува со скапи подароци, па Марија се пофали дека минатата година за Денот на мајката од синот добила скап мерцедес.


Секогаш кога ќе се укаже прилика, тој се обидува да ѝ посочи колку ѝ е благодарен за се и забележува дека немало да успее без нејзината помош, но изгледа и дека таа има големо влијание врз неговите љубовни врски.

Имено, на почетокот на 2015 година се шушкаше за раскинувањето на еден од најпознатите тогашни љубовни парови Кристијано Роналдо и Ирина Шајк. Фудбалерот наводно ја оставил Ирина затоа што таа не сакала да дојде во неговиот роден крај,  Мадеира, за изненадување за роденденска забава на неговата мајка.

Парот непосредно пред тоа го поминал Божиќ во Дубаи, а фудбалерот планирал да биде со мајка си за нејзиниот роденден, но Ирина не сакала да учествува во тоа. Како што тогаш изјавил изворот, сето тоа предизвикало кавга која резултирала со раскинување.

„Ирина зборуваше лошо за Долорес, а Роналдо застана на страната на неговата мајка. Тоа беше капка која ја прели чашата и двајцата беа во лоши односи во последните неколку месеци", открил тогаш изворот, според Daily Mail.

Иако вљубениот пар не го наведе ова како причина за раскинувањето, неодамна на Фејсбук профилот на „Фудбалската арена“ повторно се појави изјавата на Кристијано која најдобро ја пренесува важноста на неговата мајка во неговиот живот.

„Добро се сложувавме, но таа велеше: „Зошто ја носиш мајка ти каде и да одиме? Мораш да бираш меѓу мене и неа. Јас ѝ одговорив дека никогаш нема да можам да ја оставам мајка ми за друга жена. Не жалам што раскинав со неа “, рече славниот фудбалер тогаш.

По изјавите на Роналдо за тоа какво детство имал и колку неговата мајка се жртвувала за него и неговите браќа и сестри, може да се заклучи од каде доаѓа толкава приврзаност кон неговата мајка.


Кога еден новинар го праша во едно интервју: „Кристијано, зошто мајка ти сè уште живее со тебе? Зошто не ѝ изградиш куќа? Кристијано без двоумење одговори: "Мајка ми ме воспита жртвувајќи го својот живот за мене. Спиеше гладна за да можам јас да јадам навечер. Немавме пари за ништо. Работеше 7 дена во неделата и навечер како чистачка за да ги купи за мене првите копачки за да можам да играм фудбал.
Целиот успех што го постигнав е посветен на неа!

И додека е жива, секогаш ќе биде со мене и ќе има се што можам да и дадам. Таа е моето прибежиште и мојот најголем подарок и затоа никогаш нема да се одвојам од неа“, заклучи познатиот фудбалер тогаш давајќи им до знањење на идните избранички кој е на прво место во неговото срце, за да не направат грешка, како Ирина!

Сега тој е во среќна врска со Георгина со која има деца.

извор:stil.kurir.rs