Никогаш нема двојник во сцените: Заработи милиони, а сега помага на сиромашните

Актерот е вистинско чудо. Цела една нација од милијарда жители му се поклонува

Сите знаеме дека тој е генијален актер и генерации од нас пораснаа со неговите филмови.

Џеки Чен има кариера од 57 години. Се појави во над 150 филмови, без двојник, што му овозможи да заработи богатство. Во 2019 година, 65-годишниот актер се најде на 5-то место на списокот „Форбс“ на највисоко платени актери, веднаш пред Бредли Купер и Адам Сендлер.

Според „Форбс“, тој заработил 58 милиони долари во 2019 година. Поголемиот дел од парите доаѓаат од кинески филмови. Се проценува дека „тежаи“ 400 милиони долари.

Најпознат по филмот „Rush Hour“, од кој заработи 40 милиони долари, како и продолженија. 

Има глумено во многу филмови и исто така заработи многу пари во неговата пејачка кариера. Тоа што немаше двојник кога беше на филмските сетови му донесе многу повреди, но без последици. 

Едноставно, Џеки сам смета дека е најдобар во каскадерските и карате предизвиците и не сака никој за него да си го ризикува животот.

Во Кина има и синџир на кино сали. Познато е дека ја сака хуманитарната работа, па затоа неговата фондација нуди школарина, плаќање за медицински услуги, обука, но и помош на луѓето погодени од природни непогоди.