Никој не го препознава некогаш најдобриот тенисер на светот: Има пластично чело, ги оперирал и очните капаци
По завршувањето на Австралија опен во 1998 година, светот на тенисот доби нов играч на врвот на АТП листата.
Иако никогаш не освои грен слем титула, чилеанскиот тенисер Марсело Риос успеа да стигне до број еден пред големите тениски имиња кои играа кон крајот на 90-тите години на минатиот век.
Сепак, неговиот престој на врвот на светскиот тенис не траеше долго. Две години подоцна повредите почнаа да го уништуваат, а во 2004 година реши да се пензионира.
Денес, околу 20 години подоцна, ретко кој може да го препознае 47-годишниот Чилеанец. Ја скрати косата и се здебели, но пред се најголемите промени ги направи на лицето.
Неговиот физички изглед е сосема поинаков, благодарение на одредени пластични операции.
„Го поправив моето чело кое беше уништено од сонцето. Никој претходно не користеше крема за сончање, така што лицето ми беше уништено. Имав операција и на моите очни капаци кои беа премногу кратки. Не можев да ги затворам очите и спиев со отворени очи. Имав темни кругови и брчки“, изјави Риос.
На Чилеанецот му беше дијагностициран Аспергеров синдром (вид на аутизам) во 2014 година, но тоа не ги попречува премногу неговите социјални активности. Животот во Мајами му е исполнет секој ден. Тренинг и луксуз се сѐ што знае и на 47 години максимално ужива.ФОТО:Screenshot