Никој не сака да живее на овој убав остров: Oд приказнaтa на неговите сопственици, ќе разберете зошто

Италијанскиот остров Гајола изгледа како совршено место за уживање во звукот на брановите. Сепак, никој не живее на островот поради ужасните судбини на оние кои живееле на него во последните три века. Списокот е долг, а островот изгледа како да е проклет.

Островот Гајола или Исола де Гајола се наоѓа на околу триесетина метри од Неапол. Во античко време, во него се наоѓал храмот на божицата Венера, но е уништен со текот на времето, а подоцна островот служел како артилериско место во одбрана на Неаполскиот Залив. На почетокот на 19 век, островот бил населен со човек, кој бил наречен Волшебник. По неговиот престој на островот, била изградена прекрасна куќа, која постои и денес.

Вилата имала многу сопственици во нејзината бурна историја и сите тие имаа несреќна судбина. Сопствениците или починале наскоро откако се вселиле или им се случила некоја трагедија. 

Сè започнало околу 1920 година со Ханс Браун од Швајцарија. По неколку години поминати на островот, Браун бил пронајден мртов. Неговото тело било завиткано во килим. Неколку месеци подоцна, неговата сопруга се удавила.

Подоцна, островот го купил Германецот Ото Грунбак. Наскоро починал во својата вила покрај морето од срцев удар. Следната „жртва на островот“ е фармацевтот Морис-Ив Сандоз, кој извршил самоубиство во психијатриска установа. По него, островот го купил германскиот индустријалец барон Карл Пол Лангхајм и доживеал економска пропаст додека бил таму.

Последен приватен сопственик на Гајола бил Јанпасквал Грапоне, кој завршил во затвор. Во серијата несреќи што ги доживеале сопствениците на островот, е и еден од најбогатите луѓе во светот, Џон Пол Гети, чиј внук бил киднапиран во 1793 година, а за време на киднапирањето му било отсечено увото. 

Напуштен од страв, островот сега е празен, чекајќи храбри авантуристи да му пријдат од брегот на Неапол.

извор:beograd.in