Забава // Музика и филм
Никола Ристановски во филм кој е во трка за Оскар
Актерот глуми во драма која веќе е влезена во конкуренција за награда
Во рамките на најпрестижната филмска награда „Оскар”, се одржува и доделува студенска филмска награда поддржана од Академијата. Филмот „Señor” на режисерката Маша Кларк, по потекло од Белград, стационирана во Лондон, а во кој глуми Ристановски, е номиниран меѓу најдобрите во категоријата „Наративни” од интернационалните филмски школи.
На 17 Октомври, со спектакуларна церемонија ќе бидат познати победниците.
Инаку, 19 минутната драма на Кларк зборува за Дуња, за старата љубов на нејзиниот татко и што се ќе дознае за минатото на родителот.
Н.Т.