НИКОЛА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Машкото лично име Никола е од грчко потекло изведено од „nike“ - победа и „laos“- народ. Значењето на името е народот победува. Тоа е името на еден од најголемите христијански светители- Свети Никола, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците...

Во жи­во­тот на на­ши­от чо­век по­себ­но зна­чај­но мес­то има све­ти Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки - Чу­дот­во­рец, ко­го мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­ни служ­би и со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. Иа­ко по­ве­ќе се праз­ну­ва де­нот на не­го­во­то упо­ко­ју­ва­ње (денешен празник) 19/6 де­кем­ври (праз­ник поз­нат ка­ко зим­ски Св. Ни­ко­ла или Св. Ни­ко­ла - зи­мен), се­пак вни­ма­ние му се по­све­ту­ва и на де­нот на пре­не­су­ва­ње­то на мош­ти­те на све­ти Ни­ко­ла од Мир (во Ли­кија) во Ба­ри (Ита­лија) на 22/9 мај (праз­ник ме­ѓу на­ро­дот поз­нат ка­ко ле­тен Св. Ни­кола).

Името Никола било и се уште е едно од најчестите имиња за машки деца. Отсекогаш го носеле големи и значајни луѓе во историјата, затоа се смета за силно и моќно име.

Според горенаведеното личностите кои го носат ова име се победници, лица кои му носат победа на својот тим, народ, семејство.