Спорт // Спорт
Николов: Катастрофални услови за игра, важна е победата
Македонија го реши незгодниот Гибралтар со 2-0, по еден гол во двете полувремиња, Барди погоди во првото, а Николов во второто полувреме.
Бобан Николов критикуваше за условите за игра, искуството беше пресудно за победта која ја планиравме.
„Не знам како УЕФА дозволува да се игра на ваков терен, ова е катастрофа. Секоја чест на соиграчите, покажавме искусно и победивме. Имавме проблеми и со ветрот, не сакам да барам алиби, но не беше лесно да се игра. Сакам да им честитам на Илиев, Тодоровски и Серафимов, беше важно во дресот на репрезентацијата да почнат со победа, тие се млади и во иднина ќе бидат носители во репрезентацијата“, изјави Николов.
Следно за Македонија е дуелот со Грузија во Скопје на 9 јуни со почеток од 20-45 часот.