Спорт // Спорт
                    
                    
                
                
                Николов ќе игра во втората лига на Турција, има понуда за трансфер
 
                    Бобан Николов заврши со Шериф Тираспол, сега е пред преселба во нов клуб, а има понуда од Турција.
Според пишувањата на турските медиуми, Николов има понуда од второлигашот Маниса.
Овој клуб од Турција е во преговори и со Басит Абдул Калид, кој беше соиграч на нашиот Николов во Шериф.
Инаку Калид има играно и во ПМФЛ, и тоа за екипата на Македонија Ѓорче Петров.
 
                    