Николов за „математиката“: Се е можно во фудбалот, ќе направиме се во септември за две победи

Гибралтар беше лесна задача за Македонија, лесни 4-0 за 45 минути игра, и најважно од се, се вративме победнички по поразот од Грузија пред неколку дена во Скопје.

Во фудбалот се е можно, па прво место за Македонија во групата, потребна е победа над Грузија во Тбилиси со 4-0, и триумф над Бугарија во Скопје.

Бобан Николов вели дека се е можно до крајот.

„Поразот од Грузија боли и ме мачи, но еве денес не победија против Бугарија. Во фудбалот сите опции се можни, ќе се спремиме во септември, момците кои дебитираа одиграа одлично“, вели Николов.