НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки.
Имено, во периодот од 1 до 31 декември клиентите ќе можат да аплицираат за потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување. Дополнителна придобивка ебесплатната НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка, одобрена со секојНЛБ Потрошувачки кредит.
Покрај промотивните поволности, една од главните клиентски придобивки на потрошувачките кредити на НЛБ Банка е нивната достапност, како и брзата и лесна постапка за нивно одобрување.
Фокусирани на унапредување на процесите и обезбедување на врвно корисничко искуство, сите НЛБ Потрошувачки кредити отсега се достапни само со лична карта, без дополнителна документација, а исплатата на средствата се врши веднаш, односно за времетраење на посетата на клиентот на Банката. Понудата се однесува за сите приматели на плата и пензија во Банката.
Во текот на месец декември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица до крајот на годината, при што истите се без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот.
За кредитните продукти и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.