No.1 Imperial Majesty: Најскапиот машки парфем на светот чини илјадници евра

Британската куќа Clive Christian веќе долги години е позната по создавањето на скапи парфеми, но за нејзин „скапоцен камен“ се смета No.1 Imperial Majesty, кој ретко кој на овој свет може да го добие.

Инспириран и создаден од луксузната куќа Clive Christian, No.1 Imperial Majesty ја освои титулата најскап машки парфем во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди. На пазарот беа пуштени само 10 шишиња парфем Imperial Majesty, а за да го купите ќе треба да направите специјална нарачка на веб-страницата на компанијата.

View this post on Instagram

A post shared by (@guest.concierge)


Всушност, во 2006 година, куќата на Клајв Кристијан одлучи да понуди 500 ml од својот мирис во најсофистицираното шише што можете да го замислите за своите специјални клиенти. Направен е од рачно исечен кристал, на него има брилијантен дијамант од пет карати, додека вратот на шишенцето за парфем е изработен од 18-каратно злато. Плус, кога ќе го нарачате, ќе ви пристигне на врата со скап Range Rover.

View this post on Instagram

A post shared by  (@lesparfums_bynt)


Седум од овие шишиња биле продадени на колекционери, додека останатите три патувале низ светот како дел од специјалната колекција на Клајв Кристијан. Што се однесува до самиот парфем, сите љубители на оваа куќа за парфеми многу добро знаат дека нејзиниот автор смета дека ова е најдобриот парфем што некогаш го создал.

Цената на специјалното шише Clive Christian's No.1 Imperial Majesty од 500 ml е околу 400.000 евра, додека за оние кои бараат поекономична верзија, 30 ml во едноставно шише може да се купат по цена од 600 до 2.000 евра во избрани луксузни продавници ширум светот.

View this post on Instagram

A post shared by CLIVE CHRISTIAN PERFUME (@clivechristianperfume)


Конечно, вреди да се напомене дека оваа куќа за парфеми првично беше основана во 1872 година како „The Crown Perfumery“ и беше официјална куќа за парфеми на Палатата, со кралицата Викторија како нејзин најдобар клиент. „The Crown Parfumery“ имаше и своја продавница со свои производи во внатрешноста на Титаник.

Затоа, не случајно после толку години, No.1 Imperial Majesty се смета за најскапиот машки парфем во светот.


Фото: Инстаграm