Норвежанецот Гранеруд победник на првата станца од новогодишната турнеа „Четири скокалници“

Новогодишната турнеа „Четири скокалници“ започна денеска во Оберсдорф, ова е 71 издание на најпрестижната манифестација.

На првата станица победа на Норвежанецот, Халвор Егнер Гранеруд, кој во првата серија скокна 142,5 метри, а во втората 139 метри.

Место на пиедесталот обезбедија и полските ски-скокачи Пјотр Жила и Давид Кубацки.

Новогодишната турнеја продолжува на први јануари со ски-скокови во Гармиш.