Нов хит: Паметни вистински пиштоли

Новиот тип паметен пиштол, кој може да го управуваат само проверени корисници, конечно ќе стане достапен во САД кон крајот на оваа година, по речиси две децении развој ...

Производителот LodeStar Works им откри пиштол од девет милиметри на своите инвеститори и акционери на настанот Boise претходно оваа недела, со што се naвести дека компанијата SmartGunz LLC со седиште во Канзас, исто така, ќе го започне свое бета тестирање на слични модели во полициските станици во овој регион.

Двете компании се надеваат дека производите ќе бидат комерцијално достапни за клиентите подоцна оваа година, а оваа вест доаѓа по две децении прашања за доверливоста и практичната примена на паметните пиштоли, истовремено зголемувајќи ја загриженоста дека таквата иновација во индустријата ќе повлече нов бран на владина регулатива. 

Ројтерс известува дека ко-основачот на LodeStar, Герет Глејзер, бил инспириран да создаде такво оружје откако слушнал премногу приказни за деца застрелани ненамерно додека играле со пиштоли без надзор.

Како што тврди овој човек, паметните пиштоли можат да спречат такви трагедии со користење на технологија за автентикација на кориснички идентитет и оневозможување на употребата на пиштоли на секој што ќе се обиде да пука од него, намерно или случајно. Сето ова, теоретски, треба да ги намали самоубиствата со тоа што украденото оружје ќе го направи неупотребливо и да им понуди сигурност на полицијата и затворските чувари кои секогаш се плашат од кражба на оружје.