Нов проблем за Милевски, откажа уште еден напаѓач поради повреда за дуелите со Украина и Англија

Ваљон Етеми поради повреда не е во можност да се стави на располагање на А репрезентацијата на Македонија за претстојниот собир и натпреварите против Украина и Англија од квалификациите за ЕП 2024.

Ова е нов проблем за селекторот Благоја Милевски кој од претходно не може да смета на напаѓачите Бојан Миовски а потоа и шок информацијата дека Дарко Чурлинов е хоспитализиран во Белград поради здравствен проблем. Сега на листата повредени е и напаѓачот Ваљон Етеми од екипата на Истанбулспор, Турција.

Македонија  двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 ги игра дома и на гости.

Против  Украина на 16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“ и  и Англија 19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер.