Нова секс поза: „Discovery channel“
Уморни сте од
истите пози во сексот? Нема причина да се грижите затоа што малку имагинација е доволна за да се запали
огнот во кревет.
Дали некогаш сте слушнале за позицијата „Discovery channel“? Британската компанија Ен Самерс, која продава секси долна облека и секс играчки, тврди дека станува збор за поза која ќе го стимулира женската Г-точка.
Не само што обезбедува подлабока пенетрација, туку обезбедува и дополнително ниво на уживање, пренесува Дејли Стар. Позицијата, како што може да се види од илустрацијата подолу, е доста слична на „doggy style“. Британската компанија соопшти дека оваа поза ќе го промени аголот на пенетрација.
„Откривањето на нова поза во спалната соба може да биде одличен начин малку да ги промените нештата, па дури и да додадете малку зачин во врската што ќе ви овозможи задоволство што досега не сте го искусиле“, вели Лора Витакер од компанијата.
За оние кои сакаат друго ниво на уживање повеќе, Ен Самерс исто така препорачува секс играчка. „Ако сакате да откриете нешто малку поразлично, обидете се да си играте во сексот со нова играчка“, вели Лора. „Тоа би можело да ви го промени сексуалниот живот“.