Новак е како мене, Балканец, кога ќе се налути... Ибрахимовиќ им раскажа на Италијанците за неговиот пријател, совршениот спортист
Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, му го честиташе 40-от роденден на својот голем пријател Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена
Фудбалерот на шведската репрезентација направи забава за јубилејниот роденден, а специјален гости беше Нада Топчагиќ.
Во разговор за италијанските медиуми, тој зборуваше за Новак Ѓоковиќ и го спореди со себе. Тој вели дека го потсетува на него.
- Прво, Новак размислува на балкански начин. Кога експлодираш, се‘ оди добро. Кога сте лути, давате се од себе, станувате поконцентрирани и повнимателни - рече Ибрахимовиќ.
Тој вели дека Новак е воден од огорченост и лутина, што му дава дополнителна енергија.
- Кога Ноле почнува да се лути, го дава својот максимум. Така е и со мене. Тој е совршен спортист. Со искуство и возраст, едно лице расте ментално. Ноле - тој е како мене - искоментира Ибра за српскиот тенисер.
Фото: Инстаграм/Новак Ѓоковиќ/Златан Ибрахимовиќ