Новак Ѓоковиќ денес ги крстеше своите деца во манастирот Острог: Еве зошто чекаше до сега

Новак Ѓоковиќ одлучи да ги крсти своите деца под ова свето место.

Децата на Новак Ѓоковиќ, Тара (6) и Стефан (9), денеска беа крстени во манастирот Острог.

Церемонијата ја изврши патријархот Порфирије, во присуство на членови на семејството Ѓоковиќ и кумовите. Како што налагаат обичаите, Тара и Стефан биле облечени во бела облека.

Новак Ѓоковиќ никогаш не криел колку му значи верата и колку Бог му помага да го достигне врвот и да освои се, токму затоа  сите се прашуваа зошто неговите деца Стефан и Тара уште не се крстени?

Мистеријата околу оваа ситуација ја разреши Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак.

Според неа, нејзиниот син и снаа сакале децата уште малку да пораснат за да разберат што всушност значи овој чин.

-Секој би го ставил успехот над духовниот мир. Новак пак е премногу благодарен за се што постигнал. Се тоа е вонземско. Тој се држи до своите принципи и верувања, што го прави човек, што го прави токму тоа што е, изјави Дијана. Таа нагласи дека Новак го носи осветениот крст што го добил на Хиландар, и тој му дава сила. Тој поминал три дена на Света Гора и тоа е многу важно искуство за него, вели Дијана.

-Тој е навистина духовно суштество, се крсти од кога имаше пет години и сериозно го сфати тој чин, изјави мајката на српскиот тенисер, и додаде дека Ноле токму затоа и сакаше да ги крсти децата кога ќе бидат довлно свесни да знаат што значи тој чин.

Фото:screenshot