Спорт // Спорт
Новак Ѓоковиќ го очекува спектакл во Белград, пречек вечерва од 20 часот
Српскиот тениски сојуз, најави дека вечерва во Белград ќе има пречек на Новак Ѓоковиќ повод 7. титула на Вимблдон, и вкупно 21. Грен слем во кариерата.
Прославата за освоената титула на Вимблдон ќе започне од 20 часот, ќе се пренесува во живо, а Ѓоковиќ пред белграѓани се очекува да се обрати околу 21 часот.
Ова станува како традиција на Ѓоковиќ и престолнината на Србија, бидејќи тој, заедно со навивачите и во организација на градот Белград ја прослави првата титула на Вимблдон на исто место во 2011 година.