Новак Ѓоковиќ облече костум што е синоним за елеганција и ГРМИ: Цел Лос Анџелес мораше да се врти по познатиот Србин - ова е врвен стајлинг за сите мажи, одмерен, модерен и за секоја пригода
Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во Лос Анџелес се појави совршено стилизиран и со насмевка на лицето. По поразот во Индијан Велс и одлуката да се повлече од Мастерсот во Мајами, славниот спортист ќе дочека нови победи, а ние за момент застануваме и ви ги прикажуваме деталите од неговото модно издание.
Прво, бојата на оделото е на врвот. Елегантната и одмерена сива боја е секогаш во тренд, а омилена е и на мажите кои повеќе се приклонуваат кон спортскиот стил. Новак Ѓоковиќ не се оддалечи премногу од спортскиот моден стил, туку тој стил го спои со елеганција и направи полн погодок бидејќи ваквото издание одлично му прилега, а и покрај тоа, генерално е добар избор.
Пресеците се едноставни, а блузата која ја замени свечената кошула придонесе стајлингот да биде полежерен и одлично ја „игра својата улога“.
Секако, чевлите беа во спортско-елегантен стил, а со секој детаљ одговараа на облеката.
Ноле неодамна загуби меч во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс од Италијанецот кој е 123. на АТП листата Лука Нарди, потоа следеше одлуката за повлекување од турнирот во Мајами, но и релаксација на плажата во овој американски град.