Новак Ѓоковиќ прати моќна порака: „Црквата нека ви биде показател кон вистинскиот пат“

Додека ја чекаме конечната одлука на властите во Мелбурн дали Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола за влез во земјата, голем број навивачи го поддржуваат пред хотелот Парк.

Се одржа молебен за најдобриот српски тенисер, а најмасовниот собир досега го одбележаа гласни пораки за поддршка и песни. После тоа се обрати и Новак Ѓоковиќ.

На насобраните им се обрати со кратка порака на мобилниот телефон со помош на разглас.

-

„Моето срце заигра. Се надевам и вашето. Нека црквата биде ваше спокојно место каде што ќе најдете мир и слобода. Црквата нека ви биде показател кон вистинскиот пат. Најчистите емоции, а тоа е љубов, таа ќе го спаси светот. Ви благодарам и уживајте“, рече Ѓоковиќ.