Спорт // Спорт
Новак Ѓоковиќ загуби уште еден спонзор
Како што јавува „Yahoo Sports“, а пренесуваат медиумите од Србија, Новак Ѓоковиќ загубил уште еден спонзор во името на „UKG“, фирма која претходно беше позната под името „Ултимејт софтвер“ и „Кронос“.
Ѓоковиќ имаше договор на три години со оваа компанија, не се познати причините за раскинот на договорот, пишуваат српските медиуми.
Ознаката „UKG“, стоеше на ракавите на маиците на Ѓоковиќ, беа присутни на турнирот во Дубаи, но не и во Мадрид и Рим.