Новак Ѓоковиќ заработи најмногу во 2020 година: На кое место се најде Надал?
Да не испаднеше прерано од УС Опен, заработката ќе му беше уште поголема...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заработи најмногу пари од сите тенисери од турнирите. Се збогати за 6.511.233 долари, а оваа сума му ја донесоа четирите титули оваа година, еден Грен слем на почетокот на годината на Австралија опен и уште три мастер турнири - Дубаи, Синсинати и Рим.
Меѓутоа, ако не беше исфрлен од УС Опен, Новак ќе заработуваше многу повеќе.
Што се однесува до вкупните приходи во текот на 2020 година, списанието Форбс изјави дека Ѓоковиќ заработил вкупно 44,6 милиони долари во текот на годината и е на 23 - тото место меѓу најплатените спортисти во светот.
Што се однесува до приходите на тенисерите оваа година, Доминик Тим е на второто место со 6.030.756 долари, а половина од тие пари се од УС Опен, кој традиционално е турнир со најголеми парични награди.
Четврти на списокот е Рафаел Надал, кој заработи „само“ 3,8 милиони, од кои 1,7 ги доби само со триумфот на Ролан Гарос.
Во продолжение е целито список со заработката на машките и женските тенисери во 2020 година:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) - 6.511.233 долари
2. Доминик Тим (Австрија) - 6.030.756 долари
3. Софија Кенан (САД) - 4.302.970 долари
4. Рафаел Надал (Шпанија) - 3.881.202 долари
5. Данил Медведев (Русија) - 3.622.891 долари
6. Наоми Осака (Јапонија) - 3.352.755 долари
7. Александар Зверев (Германија) - 3.279.966 долари
8. Ига Швјонтек (Полска) - 2.261.213 долари
9. Андреј Рублев (Русија) - 2.223.865 долари
10. Стефанос Циципас (Грција) - 2.106.450 долари