Новак го избрка, па му рече „Те сакам“! Животната приказна на Марко Ѓоковиќ и болка која на таткото Срѓан е рак-рана

Приказната на Марко Ѓоковиќ не е толку едноставна, тој поминал низ големи предизвици, а неговиот татко не ја крие најголемата желба што ја има за својот среден син.

Цел свет одлично го познава Новак Ѓоковиќ (36), Ѓорѓе Ѓоковиќ (28) беше директор на тениски турнир во Србија, сега е во кошаркарскиот клуб Дубаи и се обидува да го воведе во Евролигата. Средниот меѓу браќата е Марко Ѓоковиќ (32). За него не се знае многу, пред се затоа што се труди да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

Една од ретките работи што се знае за него е дека веќе подолго време се забавува со бразилската модна дизајнерка Летисија Тесари. Тие двајца се заедно околу седум години. Се шпекулираше дека тајно се венчале, но тоа брзо го демантираше Срѓан Ѓоковиќ. 

„Кога ќе се решиме на тој чекор, нема да криеме, сите ќе знаат. Никогаш никого не прашав кога избрав за себе, така ги воспитав моите синови. Ние не се мешавме и нема да им се мешаме во нивните избори, но јас сум апсолутно сигурен дека Марко го направи вистинскиот избор“, вели Срѓан Ѓоковиќ во интервју за „Блиц“.

Се очекува тие двајца во блиска иднина да застанат на „лудиот камен“, а додека се чека да го кажат судбоносното „да“, да се потсетиме и на неговата животна приказна, моменти исполнети со горат на Новак имаше отворена врата во светот на тенисот, се занимаваше со „белиот спорт“, се обидуваше да направи кариера, но брзо се откажа. Беше свесен и дека е далеку од својот постар брат со кој играше и во двојки. Настапуваше најмногу на помали турнири и официјално се пензионираше во 2019 година. Неговото најдобро рангирање во кариерата беше 571. место. Еден од интересните факти од неговата кариера е дека го победи Карлос Гомез Херера на турнирот во Белград во 2012 година. Шпанецот му се предаде во првиот сет кога Марко водеше со 4:1. Ако тоа име ви звучи познато, тоа е затоа што „Чарли“ сега е спаринг партнер на Новак.

Марко веќе подолго време живее во Марбела, место во Шпанија кое е и тренинг база на Новак. Работи во тениска академија и токму тоа го извлече од тежок период. Се бореше со депресија, беше во навистина лоша форма и за среќа можеше да се справи со сето тоа. Во тоа му помогна и Пепе Имаз. Човек кој често беше на удар на критики поради неговиот начин на работа и неговата мантра „Љубов и мир“.

И самиот призна дека тогаш му било тешко. "Тоа е животна филозофија. Бев депресивен кога имав 20 години. Тогаш го запознав Пепе и тој многу ми помогна. Неговата мантра значи да се сакаш себе си, за да можеш да ги сакаш другите луѓе. Тоа сега го чувствува Новак“ изјави Марко во едно од интервјуата во тој период.

Кога ќе се спомнат Марко и Новак, на многумина им доаѓа во глава еден момент. Беше финалето на турнирот во Аделаида против Себастијан Корда кога Ноле збесна, беше многу нервозен и во еден момент почна да вика кон својата ложа „Излезиии“. Марко, а потоа и агентите Едуардо Арталди и Елена Капеларо ја напуштија неговата ложа. Марко се врати подоцна.

Новак го доби тој меч, а потоа се извини со микрофон во рака. „Благодарам на мојот тим што ме трпи и ме толерираше кога е добро и лошо. Не е лесно да се биде со мене, но јас го ценам тоа. Марко е тука со мене, ти благодарам и те сакам“, рече Новак во интервју на терен. Двајцата се во одлични односи, Марко често беше со него на турнирите, заедно славеа големи успеси.

Беше на Свадбата на Ѓорѓе 

Најмладиот од браќата Ѓоковиќ, Ѓорѓе, се ожени во 2022 година. Тој ѝ го кажа судбоносното „ДА“ на Сашкa Веселинов во Белград во црквата „Свети Марко“. Церемонијата е направена во потесниот круг на луѓе, воглавно оние блиските, а имаше и шпекулации дека Марко не дојде на свадбата. 

Тоа беше веднаш демантирано, бидејќи набрзо се појавија фотографии од црквата, на кои се гледа дека Марко е таму и дека тој заедно со Новак и членовите на семејството дополнително организирал ден за памтење на својот брат.

ГОЛЕМАТА БОЛКА НА СРЃАН ЃОКОВИЌ

Марко се уште ретко се појавува во јавноста, живее во Марбела, додека неговите роднини се надеваат дека ќе се врати дома. „Ќе направам се Марко да се врати во Србија, ме боли што живее во Шпанија“, изјави еднаш Срѓан Ѓоковиќ во интервју за Радио телевизија на Србија.

„Не издржа да му биде брат на Новак. Каде и да се појавеше, сите ќе се судреа со него и ќе го прашаа за Новак, а тој велеше да го остават на мира, дека тој е Марко. Затоа и си замина. На лето завршуваме голема куќа кај Рума, се надевам дека ќе го привлечам да дојде“, изјави Ѓоковиќ сениор пред неколку години.

Минатиот месец, кога таткото на Новак и Марко беше хоспитализиран и итно опериран поради пад и скршеница на раката, Марко заедно со Ноле веднаш дојдоа во Ургентниот центарот за да го посетат татко му и да бидат со него кога е важно.


Извор: модно.рс