Новак прави шоу во Њујорк: Погледнете како Ѓоковиќ ја насмеа публиката!

Добро е расположен Ноле..

Медиумски ден се одржа во Њујорк, а Новак Ѓоковиќ на хумористичен начин во свој стил ги насмеа фановите и водителката.

Ноле во еден момент мораше да одговори на прашање на една дама, која песна ќе ѝ ја предложи пред тој да почне да го игра својот тениски меч.

- Дали сакате да се чувствувате возбудени, да ја подигнете вашата енергија или да се смирите? - праша Новак.

Откако доби одговор дека г-ѓата сака адреналин, Ѓоковиќ се сети на соодветна песна.

– Чекај да размислам, чекај да размислам... AC/DC, „Thunderstruck“ – истакна тенискиот ас со одобрение на дамата.

Изборот на Новак го одобри и водителката.

- Сега знаеме што ќе свири диџејот кога ќе се појави Ѓоковиќ - рече таа.


Драго ни е што го гледаме Ѓоковиќ во добро расположение, особено откако деновиве изјави дека е нервозен пред почетокот на УС Опен.

Новак има нова шанса за историја и 24. Грен слем титула, а прва пречка на патот ќе му биде Французинот Александар Милер. Натпреварот е закажан за понеделник.


Фото и Видео: Инстаграм