Новата фитнес кралица: Александра Наумовска, предизвик и за мажи и за жени
Со еден збор, вистинска убавица со памет, цел и споделување на знаење
Кај нас зачестија девојки и жени кои се фитнес инструкторки. И тоа е добро. Нивните обуки и вештини помагаат во развојот на физичкиот изглед, а пред се за подобрување на здравјето, кондицијата и живот без стрес. Но, Александра Наумовска, фитнес инструкторка која совршено владее на ова поле, е по многу нешта посебна. Покрај тоа што секојдневно професионално се занимава со фитнес, таа е и персонален и онлајн тренер. Изработува тренинг програми и диети, а со вежбите со кои ги учи луѓето на здрав живот, помага во многу нивни животни предизвици со кои се справуваат.
Логично, многу е атрактивна. без ботокс и силикони. Пример е како се одржува линијата на телото, а нема маж кој не и се восхитува. И жените секако, но тие ретко да кажат.
За себе ќе рече дека фитнесот е незината вистинска страст и дека обожава да предава и сподели знаење и да им помогне на другите да ги постигнат своите цели.
Наумовска неодамна беше на Бали и таму направи одлични фотографии на кои се гледа совршеното обликувано тело.
Но, таа многу паметно комбинира облека. Стилски секогаш е добро облечена и знае дека многу е битно како ја носиме облеката, а не облеката нас.
Професионално, облекува спортска облека која ја следи линијата на телото, но не оди на провоцирачка варијанта. Со еден збор, инспирација за многу жени, а атрактивна убавица за мажите.Небојша Толески