Новата колекција за мажи на Живанши: Личен луксуз, формалност, одмор, удобност
Ново ангажираниот креативен директор ни сервираше нова визија за 2021 година
По неговото деби во форма на колекција пролет / лето 2021 година, Метју Вилијамс сега ја лансираше својата прва пред-колекција за Живанши. Овој нов асортиман ни понуди парчиња од облека и обувки, кои совршено ја следат естетиката на овој моден генијалец.
„На крајот на краиштата, се обидувам да го рефлектирам денешниот свет со колекциите на Живанши. Ги ценам експериментите со одредени материјали и интензивните контрасти во облеката, што може да се постигнат и да постојат само сега. Овие алишта не се за еднократна употреба, ниту се диктаторски. Наместо тоа, ние сакаме да стане централен дел од чувството за стил на една личност, кое ќе се надоградува секоја сезона. Тоа е идеја за повеќе личен луксуз, која содржи истовремена формалност и одмор, конструкција и удобност. „Луксуз е луѓето да носат облека, а не облеката да ги носи“, рече Вилијамс.
Понудата за 2021 година е комбинација на традиционални кроеви, плетени модели и кожни парчиња. И за мажи и за жени. Ние ви ја презентираме машката колекција. Придржувајќи се во најголемиот дел на црно-белата палета на бои со повремени нијанси на црвена, маслинеста, сребрена и кафеава боја, асортиманот вклучува елегантни костуми, комплетни со минимални предни копчиња.
Овој пат, фокусот е ставен на обувките, понудени во форма на влечки, со нагласени шила. Секој пар е создаден со употреба на нова техника TPU, фокусиран претежно на удобноста, додека малку повозвишените стилови, како што се чизмите, се обликувани со во лакирана кожа.