Новата Лејди Гага: Бринета во тигресто

Музичката sвезда, која беше препознатлива по својата руса коса уште од почетокот на нејзината кариера, реши да стане бринета, а својот нов изглед го покажа во главниот град на Италија. Папараците ја видоа на враќање кон хотелот, во издание кое веднаш привлече големо внимание од модната јавност.

Имено, Лејди Гага избра гламурозен кафтан со животински принт, кој го комбинираше со црна заштитна маска украсена со златни мониста. 

Пејачката на ова елегантно парче во форма на необичен асиметричен фустан додаде класични црни салонки и темно зелена бизнис-чанта, а ѓерданите што ги носи се особено впечатливи - еден со бисери и еден обложен со дијаманти.

Според медиумите, не е исклучено дека ова било само костум, бидејќи пејачката во моментов снима нов филм на Ридли Скот „Гучи“, во кој ја игра Патриша Реџана, поранешна сопруга на славниот Маурицио Гучи. 

Без разлика дали тоа е нејзиниот стил или трансформација поради улогата, ако нас не' прашате, Гага заслужи чиста десетка!

фото: ПРОФИМЕДИЈА

фото:instagramk/ladygaga


извор:GLOSSY